Милевски може мирно да спие, Омерагиќ не размислува за селекторска смена!

by 24 фудбал
1 минути читање

Масар Омерагиќ на своето прво обраќање пред новинарите зборуваше за многу теми. Меѓу нив се осврна и на позицијата селектор на Македонија која ја има Благоја Милевски. Тој потврди дека нема да влече нефудбалски потези, последните резултати во Лигата на нациите беа добри, а поради тоа нема да се прават промени.

Сепак, Омерагиќ најави промени во младинските сектори на фудбалот во Македонија.

Не размислуваме за промени на селекторот. Бевме први во групата, немам намера да влечам не фудбалски потези. И покрај кризата која ја имавме во играта, на табелата во ЛН бевме први. Во март стартуваме квалификации, не планирам никакви промени. Се друго ќе зависи од резултатите и игрите во иднина.

Приоритет е да имаме целосна реконструкција на младинските категории каде што работите не се добри. Не го искористивме пласманот на ЕП за да добиеме млади играчи. Стагнираме во тој дел, имаме лоши резултати, па за таму е планирана реформа. Сите млади селекции треба да се расадник на таленти за У21 репрезентацијата, за потоа играчите да конкурираат за А-тимот“, изјави Омерагиќ.

Македонија во март ги стартува квалификациите за следното Светско првенство. Поради тоа, надоврзано на резултатите Милевски ќе добие уште една шанса за докажување пред новото раководство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани