Ц. Звезда ја одреди цената за „српскиот Меси“ и порача: Не брзаме да го продадеме!

by 24 фудбал
1 минути читање

Црвена Звезда ја одреди цената за Андрија Максимовиќ, а таа нема да им се допадне на заинтересираните страни.

Генералниот директор на српскиот клуб Звездан Терзиќ зборуваше на оваа тема. Тој откри дека интерес има, клубови нудат трансфер низ разни форми, а на Звезда не ѝ се брза.

Многу интерес има за нашите играчи, а најголем за Максимовиќ. Рековме дека нема да го пуштиме лесно. На сите заинтересирани клубови, а ние им порачавме дека сакаме 20 милиони евра. Ќе се обидуваат да минат поефтино, нудат фиксен дел и бонуси. Сепак, нам не ни се брза да го продадеме. Свесни сме дека како играч ќе расте и дека се работи за дете од 17 години. Физичката мож ќе дојде, ќе ја покаже својата генијалност“, изјави Терзиќ.

Максимовиќ е офанзивен фудбалер за врска, има 17 години и веќе се етаблира и наметна во првиот тим. Тој дебитираше и за А-репрезентацијата на Србија, а него го нарекуваат и „српскиот Меси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани