Колку заработија клубовите од регионот досега за пласман во плеј-офот на КЛ?

by 24 фудбал
1 минути читање

УЕФА ги извлече паровите за првата плеј-оф фаза во новиот формат на Конференциската лига. Откако во ова натпреварување се комплетираа шесте кола од лигашкиот дел, познати беа актерите во плеј-офот.

Во ова натпреварување Македонија има неколку индивидуални претставници. Дарко Чурлинов со Јагиелонија ќе игра во нокаут фазата, а шанса ќе чекаат Бобан Николов и Дамјан Шишковски во Борац.

Во пресекот меѓу лигашкиот дел и нокаут рундите се појавија информациите колку клубовите од регионот ги наполнија своите каси. Сите четири претставници кои доаѓаат од „екс-ју“ земјите се пласираа во следната фаза, а познато е кој колку заработи досега.

На врвот е словенечка Олимпија Љубљана која ја наполни касата за 4,503,000 евра.

На второто место е Борац Бања Лука со 4,236,000 евра, а на делба на третото место се Целје и ТСЦ Бачка Топола со по 4,103,000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×