Реал Мадрид со 120.000 евра го договори првото засилување за јануари

by bojan
1 минути читање
Фати

Неколку извори пренесуваат дека Реал Мадрид го договорил талентираниот Ламини Фати од Леганес, 18 годишниот дефанзивец ќе пристигне на „Бернабеу“ во зделка вредна околу 120.000 евра.

„Кралевите“ шест години немаат пазарено во зимскиот преоден рок и поради големиот број на повреди, често се говореше дека Флорентино Перез конечно ќе го одврзе ќесето во јануари.

Неколку извори сега пренесуваат дека Реал Мадрид договорил засилување, но не онаква какво што очекуваа и се надеваа навивачите.

Марка објави дека вчера паднал договор за трансфер на Ламини Фати од Леганес, двата клуба си подале рака за зделка вредна околу 120.000 евра плус бонуси.

Ламини Фати не е засилување за сегашноста, туку за иднината, и кариерата на „Бернабеу“ ќе ја почне во У19 тимот, или пак во Реал Мадрид Ц.

Новинарот Фабрицио Романо исто така пренесе дека Реал Мадрид ја комплетирал зделката за ангажман на Ламини Фати, и според неговите информации, таа ќе изнесува 100.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани