Падна рекорд: Младинците на Астон Вила и Блекпул шутираа 38 пенали! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Рекорд во професионалниот фудбал беше поставен на мечот на младинските екипи на Астон Вила и Блекпул во битката за ЕФЛ трофејот.

У21 тимовите на овие екипи одиграа нерешени 1-1 во регуларниот дел, а потоа Астон Вила победи со 18-17 на пенали.

Со ова беше срушен рекордот по бројот на изведени пенали, бидејќи екипите шутираа по 19 серии. Во првите пет удари два не беа погодени, а потоа следните 33 беа реализирани удари од 11 метри. „Трагичар“ беше Џордан Лоренс Габриел кој во 38. серија не ја погоди рамката на голот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×