Бомба од Рашфорд: Подготвен сум за нов предизвик и следниот чекор!

by bojan
1 минути читање
Рашфорд

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд најавува трансфер бомба откако порача дека е подготвен за нов предизвик и следниот чекор во кариерата.

Во последно време често има гласини кои велат дека Манчестер јунајтед сака да го продаде Маркус Рашфорд, „ѓаволите“ сметаат дека животниот стил на напаѓачот и проблемите надвор од теренот влијаат на неговите игри и придонеле формата драстично да му падне.

Англичанецот исто така беше изоставен од составот за дербито против Манчестер Сити, и ова само дополнително ја стави под прашалник неговата иднина на Олд Трафорд.

Самиот Маркус Рашфорд сега најави трансфер бомба откако во разговор со новинарот Хенри Винтер порача дека е подготвен за нов предизвик и следниот чекор во кариерата.

„Подготвен сум за следниот предизвик и следните чекоро. Кога ќе заминам, нема да правам сцени, нема да слушнете негативни коментари од мене за Манчестер јунајтед, јас не сум таков човек“ – вели Маркус Рашфорд.

„Ако знам дека ситуацијата веќе е лоша, нема да ја направам полоша. Сум гледал како други играчи си заминуваат во минатото и кажуваат се и сешто, но јас не сакам да го правам тоа. Кога ќе заминам, ќе испратам соопштение и толку“.

Запрашан како се чувствува поради тоа што не беше дел од тимот на Манчестер јунајтед за пресметката со градскиот ривал, напаѓачот вели: „Депресивно е кога ќе ве шкртнат за дербито. Но тоа се случува, најважно е што победивме и тука завршува целата приказна. Разочаран сум, но како стареам, имам повеќе искуство и знам како да се справувам со овие ситуации. Што треба да правам? Да седам и да плачам или да го дадам максимумот од себе следниот пат кога ќе добијам шанса? Секако дека ова второто“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×