Манчестер јунајтед го доби градското дерби против Манчестер Сити, гостите со два гола во две минути во финишот од мечот направи пресврт и ги однесе трите бода.
„Ѓаволите“ ја продлабочија кризата на Манчестер Сити откако вечерва со 1-2 триумфираа на Етихад и покрај тоа што беа на прагот на пораз.
Избраниците на Пеп Гвардиола беа подобар противник во првото полувреме и поведоа со 1-0 во 36. минута, Гвардиол погоди по еден корнер.
Манчестер јунајтед се покажа во подобро светло во продолжението од мечот и откако Бруно Фернандеш не искористи зицер, се чинеше дека Манчестер Сити ќе забележи победа.
Сепак, во последните минути Нунеш направи глупост и го собори Мејну во шеснаесетникот, а Бруно Фернандеш од белата точка изедначи на 1-1 во 88. минута.
Потоа следуваше нов шок за домаќините, Мартинез испрати долга топка, Диало се снајде одлично и го исфрли Едерсон од игра, за да бие прецизно по земја за 1-2 и огромна радост на Манчестер јунајтед.