Рајо Ваљекано повторно се покажа како незгоден противник за Реал Мадрид, вечерва на „Ваљекас“ се одигра лудо реми кое на крајот заврши 3-3.
Реал Мадрид пропушти шанса да ја скокне Барселона на табелата, избраниците на Карло Анчелоти одиграа нерешено во локалното деби против Рајо Ваљекано.
Домаќините одлично го отворија натпреварот, поведоа со голот на Лопез веќе во 4. минута, а Мумин зголеми на 2-0 во 36. минута.
„Кралевите“ се разбудија во завршницата на првиот дел, Валверде со удар од далечина намали на 2-1, за Белингем со глава да ја затресе мрежата за 2-2 во 45. минута.
Реал Мадрид по десетина минути игра во вториот дел стигна и до комплетен пресврт, Родриго силно биеше од работ на шеснаесетникот и донесе 2-3.
Гостите сепак не успеаја да ја сочуваат предноста, Палазон во 64. минута изедначи на 3-3, резултат кој остана на семафорот до крајот на натпреварот.