Манчестер јунајтед ја одреди цената на Рашфорд, го продава на голем попуст

by bojan
1 минути читање
Рашфорд

Според пишувањата на Дејли Мејл, Манчестер јунајтед ја одредил цената на Маркус Рашфорд и ќе бара 40 милиони фунти за разделба со напаѓачот.

Во последно време често се пишува дека Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде Маркос Рашфорд во зимскиот преоден рок.

Раководството на „ѓаволите“ смета дека животниот стил на Англичанецот и проблемите надвор од теренот влијаат на неговите игри, и тој повеќе не е толку многу фокусиран на фудбалот како претходно, па затоа и формата драстично му паднала.

Исто така, Маркус Рашфорд има висока плата и неговиот трансфер може да ослободи значителни средства за инвестирање без притоа да се прекршат правилата за Финансиски фер плеј.

Како што пренесува денешното издание на Дејли Мејл, Манчестер јунајтед ја одредил цената на Маркус Рашфорд и ќе бара 40 милиони фунти за разделба со напаѓачот во зимскиот преоден рок.

Ова е голем попуст ако се знае дека „ѓаволите“ еден период го ценеа Англичанецот на 100 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани