665
Голема е веројатноста дека Арсенал во текот на јануарскиот преоден рок ќе донесе нови засилувања.
Самиот Артета потврди дека во јануари клубот би можел да потпише со нови фудбалери.
„Јануарскиот преоден рок е можност да го засилиме тимот“, вели Артета.
„Но, само доколку чувствуваме дека ни е потребно тоа и дека имаме капацитет да го направиме“.
Амбициите на Арсенал се највисоки, но по 15 одиграни кола тие се на третото место на табелата во Премиерлигата. Поради тоа се очекува во јануари да пристигне некое освежување во тимот.