Кедира го советува Винисиус Жуниор: Полн си со гнев… Почни да покажуваш почит и ќе освоиш три „Златни топки“!

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Сами Кедира вели дека Винисиус Жуниор мора да го промени однесувањето, ако сака луѓето да го сместат на исто ниво со Лео Меси, Кристијано Роналдо, Зинедин Зидан или Чави.

Винисиус Жуниор се посочуваше како главен кандидат за престижната „Златна топка“, но на крајот оваа индивидуална награда заврши во рацете на Родри, избор кој предизвика многу контроверзии и дебата.

Свое мислење сега даде Сами Кедира, кој работи како стручен коментатор и се школува за да добие лиценца за спортски директор.

„И јас бев фудбалер од средниот ред, па ја обожавам играта на Родри. И кога ќе погледнете како игра Манчестер Сити без него, сфаќате колку е важен. На Европското првенство, го гледав во живо на четири натпревари и можам да кажам дека тој е командант на теренот. Ќе ги постави играчите и потоа ги разигрува. Сето тоа изгледа неверојатно“ – вели поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.

„Но и Винисиус ја заслужува „Златната топка“. Тој прави разлика на теренот. Кога Реал Мадрид не знае како до победа, му ја даваат топката на Винисиус и тој го решава натпреварот. Но имам една забелешка, неговото однесување… Полн е со гнев“.

„Кристијано беше сличен кога беше помлад, но брзо се промени. Ако Винисиус сака да го сместат покрај Лео Меси, Кристијано Роналдо, Зинедин Зидан или Чави, мора да покаже малку повеќе почит кон противниците, кон судиите… Тоа мора да го промени. Но ако зборуваме чисто од аспект на фудбалот, тој е број 1“.

„Не сум голем фан на индивидуални награди, но ми се чини дека Родри и Вини беа најдобрите оваа година“.

„И доколку Вини се промени малку, стане поголем џентлмен и поголем лидер, ќе освои три или четири „Златни топки““.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×