543
Екипата на Челси славеше во супер-возбудливото дерби со Тотнем (3-4) во Премиер лигата. Мечот сепак не тргна најдобро за „сините“, бидејќи имаа негатива од два гола.
Двапати „виновник“ беше Марк Кукуреља кој во двете ситуации се лизна и тоа доведе до погодоци во мрежата на Санчез. Тој се налути и ги замени копачките по вториот погодок.
По натпреварот на социјалните мрежи сподели фотографија од копачките кои ги носеше на почетокот на натпреварот, а истите беа фрлени во канта. Кукуреља дури и се извини за двете грешки.