1,2K
Екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе го заврши есенскиот дел на една од првите две позиции, а пред 15. коло кое се игра денеска клубот објави краток документарец од 20-тина минути како ретроспектива на се што се случуваше во изминатите четири месеци.
Целта на Македонија Ѓорче Петров секако е враќање во Првата лига, а на снимката освен што се прикажуваат делови од натпреварите, може да се видат и моменти од соблекувалната.
Македонија Ѓорче Петров е првиот клуб во Македонија кој направи ваков маркетиншки потег со објавување на документарен филм на полусезона.