1,K
Рубен Аморим го доживеа првиот пораз во Премиерлигата откако со Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Арсенал со 2-0.
Португалецот го водеше тимот веќе на три меча од Премиерлигата, имаше едно реми, победа и пораз.
„Треба повеќе да работиме. Тоа е единствениот начин. Работа, работа, напредок“, вели Аморим.
„Сакаме да победуваме на натпреварите и ќе се обидеме да го направиме тоа на следниот меч“.
„Прекините ја променија играта. Прекините го решија победникот. Арсенал стави многу играчи околу голманот и беше речиси невозможно да се бориш за топката“.
„Но треба да научиме да се браниме во вакви ситуација и веќе знаеме дека треба да бидеме подобри“.