Аморим има еден приоритет, нов договор за играчот кој беше во втор план кај Тен Хаг

by bojan
1 минути читање
Диало

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Рубен Аморим како приоритет поставил нов договор за Амад Диало, кој беше во втор план кај Ерик тен Хаг, но покажува што умее по отказот на Холанѓанецот.

По пристигнувањето на Рубен Аморим на Олд Трафорд имаше голем број гласини за тоа какви се трансфер желбите на стратегот за зимскиот преоден рок.

Низ медиумите кружат многу имиња, но како што пренесува Телеграф, стратегот има еден приоритет а тоа е нов договор на Амад Диало.

Офанзивниот фудбалер беше во втор план кај Ерик тен Хаг, но по отказот на Холанѓанецот покажува што умее, прво под водство на Руд ван Нистелрој, а сега и кај Рубен Аморим.

Амад Диало беше стартер против Ипсвич и Евертон, и намести три од петте погодоци на „ѓаволите“ на овие два натпревари.

Рубен Аморим смета дека Амад Диало може одлично да се вклопи во неговата 3-4-3 формација која сака да ја имплеметира и во Манчестер јунајтед, па ќе притиска за негово останување.

Договорот на Амад Диало завршува на 30. јуни 2025, но Манчестер јунајтед има опција истиот да го продолжи за една додатна година, само оваа клаузула треба да се активира до крајот на декември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани