Аморим потенцираше голем проблем во Манчестер јунајтед: Еден фудбалер беше „мртов“

by bojan
1 минути читање
Аморим

Рубен Аморим не е задоволен од фитнесот на фудбалерите на Манчестер јунајтед и како пример го посочи Расмус Хојлунд, кој бил „мртов“ во финишот од средбата.

Рубен Аморим вчера ја забележа првата победа на кормилото на Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ со пресврт стигнаа до триумф од 3-2 против Бодо/Глимт во Лига Европа.

По крајот на натпреварот, стратегот рече дека забележал одредени подобрувања во однос на ремито против Ипсвич, но посочи дека не е задоволен од фитнесот на фудбалерите.

„Мислам дека подобривме одредени аспекти во споредба со претходниот натпревар. Знам дека ова е различно натпреварување, противникот е многу поразличен, но забележавме одреден, особено во играта со топката. Го контролиравме темпото, притискавме повисоко, креиравме повеќе шанси“ – вели Рубен Аморим.

„Но фитнесот ни е проблем, ќе мораме да менуваме играчи. Хојлунд беше „мртов“ во финишот, имаше и други играчи кои беа навистина изморени“.

„Направив четири измени поради фитнесот на играчите, а не затоа што беше најдобро за нашата игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани