Ристовски го прашаа дали повеќе сака победа над Борусија или Хајдук, одговори: Ќе ги добиеме двата меча!

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб го очекуваат два тешки натпревари оваа седмица. Во среда во Лигата на шампионите „модрите“ го дочекуваа ланскиот финалист Борусија Дортмунд, додека в недела одат на гости во Сплит кај Хајдук во ХНЛ.

Пред средбата со Борусија своите очекувања ги изнесе македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.

Во среда ни доаѓа многу сериозен ривал со огромно реноме, нè очекува многу тежок натпревар. Треба добро да анализираме, да се подготвиме и да покажеме вистинска енергија и пристап. Се надеваме дека со поддршката на навивачите ќе дојдеме до нов позитивен резултат. Последниот наш меч со Ријека не беше атрактивна, ниту одиграна со вистинска енергија. Сепак, мора да разберете дека овој распоред е тежок. Имаме доста повредени, доста репрезентативци и доста нови играчи од кои дел не се свесни за големината на Динамо. Единствениот вистински пат е навивачите да бидат крај нас. Верувам дека имаме квалитетен тим“, изјави Ристовски.

На прашањето на новинарите околу тоа дали би сакал повеќе победа над Борусија или Хајдук, Ристовски одговори кратко: „Ќе ги добиеме двата меча“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани