Комити закажаа вонредна прес-конференција: Пред цела јавност да ги разјасниме сите дилеми!

by riste
1 минути читање

Навивачката група на Вардар, Комити за во среда од 12 часот најави прес-конференција на која ги покани и сите членови на одморот на директори на ФК Вардар.

Соопштението на Комити ви го пренесуваме во целост:

„Во името на малцинскиот акционер во ФК Вардар АД Скопје, здружението ,,35 години Вардарци Скопје”, најавуваме вонредна прес-конференција.
Истата ќе се одржи во прес-конференциската сала во СЦ. ,,Јане Сандански” во населбата Аеродром, во среда(20.11.2024), со почеток од 12:00ч.
Ги покануваме сите членови на одборот на директори на ФК Вардар, исто така да присуствуваат, со цел пред целата јавност да ги разјасниме сите дилеми. Онака како што доликува!
Прес-конференцијата ќе биде од отворен карактер и затоа ги повикуваме сите медиуми, навивачи и заинтересирани лица, да присуствуваат на истата“,
стои во соопштението на Комити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани