Столе Димитриевски испрати порака за Валенсија: За сите жртви… (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Летонија (1-0) во петтата рунда од Лигата на нациите.

На оваа средба без премногу работа беше македонскиот голман Столе Димитриевски. Летонците имаа вкупно седум удари, но само еден во рамките на голот и нашиот чувар на мрежата имаше прилично лесен меч.

По крајот на натпреварот Димитриевски направи гест со кој укажа поддршка на градот Валенсија и луѓето во него. Поради страшните поплави имаше преку 200 жртви, а градот беше сериозно погоден од оваа природна катастрофа.

Димитриевски по мечот имаше испишано на подмаицата: „За сите жртви во Валенсија… Напред Валенсија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани