Чаби Алонсо го напушта Баер Леверкузен, два клуба му се потенцијална дестинација

by bojan
1 минути читање
Чаби Алонсо

Како што пренесува Еуроспорт, Чаби Алонсо ќе го напушти Баер Леверкузен по крајот на сезоната, како следна дестинација се посочуваат Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Чаби Алонсо минатата сезона направи чудо на кормилото на Баер Леверкузен и ги предводеше „фармацевтите“ до трофејот во Бундеслигата за прв пат во нивната 119 годишна историја, и тоа без ниту еден пораз.

Минатото лето младиот стратег се поврзуваше со неколку клубови, но реши да остане на „Бај Арена“.

Сепак, како што пренесува Еуроспорт, Шпанецот на неколку фудбалери веќе им соопштил дека ова е негова последна сезона во Беар Леверкузен и летоска ќе го напушти клубот.

Како следна дестинација се посочуваат Реал Мадрид и Баерн Минхен, „кралевите“ се прв избор.

Одредени медиуми шпекулираат и со трета опција, односно преселба во Манчестер Сити како наследник на Пеп Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани