Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е разочаран со пласманот на седмото место во изборот за „Златната топка“ за сезоната 2023/2024.
Пред Аргентинецот завршија Родри, Винисиус, Белингем, Карвахал, Халанд и Мбапе.
„Немам на што да им завидувам на Халанд, Мбапе, Кејн и Левандовски. Јас сум на исто ниво со нив. Разочаран сум со седмото место, очекував подобарр пласман по одличната сезона која ја имав“, изјави Лаутаро.
Лаутаро во текот на 2023/2024 со Интер го освои италијанското првенство, додека со Аргентина стигна до трофејот во Копа Америка. Исто така тој беше и најдобар стрелец во двете натпреварувања.
И Лионел Меси смета дека Лаутаро заслужува повеќе.
„Лаутаро ја заслужува „Златната топка“ повеќе од било кого, имаше одлична сезона“, изјави Меси.
Се огласи и сегашниот директор на Интер, Хавиер Занети.
„Сите очекувавме да биде подобро пласиран, но така е со наградите. Некогаш не се праведно распределени. Лаутаро мора да остане смирен и да продолжи да игра на исто ниво“; истакна Занети.