Пауло Дибала синоќа беше херојот на Рома и го постигна единствениот погодок во победата од 1-0 над Торино, со овој гол, Пауло Дибала изедначи едно постигнување на легендарниот Франческо Тоти, и уште едно на Гонзало Игуаин.
По тешкиот пораз од Фиорентина, „волчицата“ беше под огромен притисок да ги освои трите бода во пресметката против Торино.
Рома синоќа славеше со минимални 1-0, а херој на домаќините беше Пауло Дибала, кој пресече една топка во 20. минута, убаво се снајде и од тешка ситуација ја затресе мрежата на гостите.
Со овој погодок, Пауло Дибала изедначи едно постигнување на легендарниот Франческо Тоти, и уште едно на Гонзало Игуаин.
Ниту еден играч во Серија А нема постигнато повеќе погодоци од Пауло Дибала на натпревари кои се играле од понеделник до петок, напаѓачот има 33, исто колку и Франческо Тоти, еден повеќе од Чиро Имобиле (32).
33 – No #SerieA player has scored more goals than Paulo Dybala in top-flight matches between Monday and Friday: 33, tied with Francesco Totti, now more than Ciro Immobile (32). Company.#RomaTorino pic.twitter.com/9CjuCdEyC5
— OptaPaolo (@OptaPaolo) October 31, 2024
Пауло Дибала сега има 125 погодоци во Серија А, и го стигна Гонзало Игуаин како третиот најдобар стрелец од Аргентина во најсилното првенство на Италија. Пред него сега се само Ернан Креспо (153) и Габриел Батистута (184).
125 – Paulo Dybala has equaled Gonzalo Higuaín's tally of 125 goals, reaching third place among the best scorers from Argentina in #SerieA , behind only Hernán Crespo (153) and Gabriel Batistuta (184). Joya.#RomaTorino
— OptaPaolo (@OptaPaolo) October 31, 2024