Пеп Гвардиола се вклучи во дискусијата за изборот Родри да ја добие „Златната топка“ и даде луд коментар со споредбата помеѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо.
Изборот на најдобриот фудбалер во годината/сезоната често носел полемики, церемонијата која синоќа се одржа во Париз беше една од најконтроверзните во последните години откако делегацијата на Реал Мадрид реши да не патува поради тоа што Винисиус Жуниор нема да ја добие „Златката топка“.
Свое видување за целата ситуација даде и Пеп Гвардиола, кој вели дека и во минатото имало неправди, посочи дека Андрес Иниеста и Чави сигурно заслужиле вакво признание.
Тој исто така даде лудо видување за споредбата помеѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо.
„Никој не можеше да го победи Меси, веројатно само Роналдо. Кристијано е ѕвер, а таткото на тој ѕвер е Меси. И знаете, двајцата правеа нешто неверојатно во последните 15-20 години“ – вели тренерот на Манчестер Сити.
„Сигурно Чави и Иниеста заслужија „Златна топка“ во овој период. Па мислам дека Родри синоќа, конечно доби признание и заслуга што шпанскиот фудбал ја заслужува“.