Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг испрати жестоки критики до ВАР по контроверзниот пенал со кој Вест Хем ги однесе трите бода во пресметката на „Олимпискиот“ стадион во Лондон.
Манчестер јунајтед се враќа со празни раце од гостувањето кај Вест Хем, „чеканите“ со гол од белата точка во 92. минута стигнаа до триумф од 2-1.
Пеналот беше досуден под контроверзни околности, па Ерик тен Хаг испрати жестоки критики по крајот на натпреварот.
„Три пати оваа сезона ни беше нанесена голема непрвада. Голема неправда е пеналот кој беше досуден против нас денеска. Тешко ми е да го гледам ова. Пред почетокот на сезоната, добивме инструкции за тоа како ќе функционира ВАР и ни беше кажано дека ќе се интервенира само при јасни и очигледни грешки. Ова не е јасна и очигледна грешка на судијата долу на теренот“ – вели Тен Хаг.
„Разговарав со судиите, но џабе е сето тоа, одлуката е донесена, нема назад“.
„Трет пат ни се случува ова, има огромно влијание врз нашите резултати и позицијата на тaбeлата“.