Ханси Флик му се извинил на Чави што морал да го излаже пред неколку месеци, Шпанецот го прифатил објаснувањето на Германецот и му простил.
Пред десетина дена, Ханси Флик беше на гости кај Чави, а медиумите сега откриваат повеќе информации за средбата во домот на Шпанецот.
Германецот бил тој кој побарал да се сретнат за да расчисти одредени работи кои се случиле во мај месец.
Тогаш силно се шпекулираше дека Ханси Флик ќе биде нов тренер на Барселона, па откако ниту еден од директорите не сакал да му каже што се случува, Чави решил лично да му пише на Германецот и да го праша дали има вистина во гласините.
Ханси Флик му одговорил дека не е во преговори со „каталонците“ и го излажал со оглед на тоа дека веќе бил остварен контакт помеѓу двете страни и се пеглале детали за соработка.
Па Германецот сега му објаснил на Чави зошто се решил на еден ваков чекор, не сакал да му забие нож во грб на идниот работодавач, и се извинил што морал да го излаже.
Чави го прифатил ова објаснување и му простил на својот колега, кој има одличен старт на кормилото на Барселона.