Французите најавуваат: Мбапе ќе ја добие милионската битка со ПСЖ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе наскоро се очекува сериозно да се збогати, бидејќи според француските медиуми тој е пред добивање на спорот со ПСЖ.

Клубот од Париз се противеше и не сакаше да му ги исплати бонусите ветени според договорот за последната сезона. Сепак, Мбапе реши по легален пат да си ги бара парите од клубот. Двете страни завршија на суд, а според информациите одлуката се очекува да биде на страната на фудбалерот.

Тоа ќе значи дека ПСЖ би морал да му исплати 55 милиони евра на име на бонуси на Мбапе.

Дури и да се донесе одлуката во корист на Килиан Мбапе, ПСЖ ќе има право на жалба, но и спротивно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани