Винисиус Жуниор вели дека фудбалерите на Реал Мадрид верувале дека можат да се вратат од два гола негатива против Борусија Дортмунд и откри што било кажано во соблекувалната на паузата.
„Кралевите“ уште еднаш покажаа зошто доминираат во Лигата на шампиони во последните години, на полувреме губеа со 0-2 против Борусија Дортмунд, но во вториот дел направија огромен пресврт и на крајот славеа со 5-2.
„Верувавме во себе, знаеме дека дома, со поддршката на навивачите, се може да се случи. Кога дојдовме во соблекувалната, бевме прилично тивки и слушнавме што совети има да подели тренерот“ – вели Винисиус Жуниор, кој со хет-трик го предводеше Реал до победа.
„Си кажавме една работа, дека ако први постигнеме гол сигурно ќе направиме пресврт. И успеавме со помош на навивачите. Целиот тим даде допринос, го дадовме максимумот. Но мора да се подобриме и да играм на овој начин од почетокот“.
„Тренерот секогаш наоѓа решение за да ни го олесни натпреварот. Ја променивме формацијата, игравме со друга динамика во второто полувреме. Ова е нашето натпреварување и сакаме повторно да го освоиме“.