102
Фудбалерите на Интер славеа во дербито на осмото коло во Серија А на гостувањето кај Рома на „Олимпико“ со 0-1.
Долго време екипите во престолнината на Италија играа приспивен меч, премногу тактизираа и немаше премногу возбудувања. Во првиот дел Интер се закануваше преку Маркус Турам и Хенрик Михтарјан кој погоди пречка.
Резултатот беше отворен во 60 минута и човек на одлука беше капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез. Мора да се истакне потегот на Фратези кој по корнер на Рома украде топка на својата половина, повлече напред и ја искреира акцијата која со гол ја круниса Мартинез.
Со оваа победа Интер дојде на 17 бода на втората позиција, додека Рома има десет на десеттото место.