Карло Анчелоти ги откри плановите на Реал за трансфер пазарот во јануари

by bojan
1 минути читање
Анчелоти

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не ја отфрла можноста да донесат засилување во зимскиот преоден рок, но смета дека не е лесно да во јануари да се најде играч по мерка.

Дани Карвахал заработи тешка повреда на коленото, десниот бек не само што ја заврши сезоната, може да го пропушти и стартот на следната.

Па се почесто се говори дека Реал Мадрид за прв пат по шест години ќе настапи на трансфер пазарот во јануари и ќе донесе замена за Шпанецот.

„Не сум побарал од клубот засилувања, како што видовме минатата сезона, добро се справиме со повредите и ќе го сториме истото и оваа сезона“ – рече Карло Анчелоти на денешната прес конференција.

Сепак, неколку прашања подоцна, тој излезе со сосема друг коментар.

„Не ја отфрлам можноста да донесеме засилување во јануари, но тоа ќе треба да биде играч по мерка на Реал Мадрид, и тешко е да се најде таков играч во зимскиот преоден рок“.

„Имаме играчи од младинскиот тим кои можат да допринесат, треба да се врати и Алаба, кој наскоро ќе почне да тренира… па во моментов не размислуваме за нови засилувања“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани