Лионел Меси имаше вистинско шоу во победата на Аргентина над Боливија од 6-0, даде три гола, а за два беше асистент, убедливо славеа и Бразил над Перу и Колумбија над Чиле.
Меси ја отвори серијата погодоци за Аргентина во 19. минута, а до крајот на првото полувреме асистираше на своите двајца соиграчи од нападот, Лаутаро Мартинез и Алварез.
Во 68. минута следуваше гол на Алмада по асистенција од Молина. За финишот повторно да преземе Меси, даде голови во 84. и 86. минута за негов хет-трик и победа на Аргентина од 6-0.
Бразил со 4-0 го совлада Перу. Два гола постигна Рафиња, по еднаш погодија Переира и Луис Енрике.
Со истиот резултат Колумбија го совлада Чиле. Санчез, Диаз, Дуран и Синистра ги постигнаа головите.
Парагвај со 2-1 ја победи Венецуела, а немаше голови на мечот меѓу Уругвај и Еквадор.