102
Во третиот ранг на црногорскиот фудбал фудбалерите на Његош доживеаа пораз од екипата на Зета со неверојатни 19-0.
Но, резултатот од овој натпревар не е она поради кое овој натпревар се најде во центарот на вниманието. Имено, натпреварот како што пренесуваат медиумите бил прекинат на 20-тина минути пред крајот затоа што сите фудбалери на Његош на теренот „изгубиле свест“.
Поради прекинот прашање е дали ќе биде регистриран со 19-0 или само со службени 3-0.
Инаку, кога ќе се погледне табелата може да се види дека фудбалерите на Његош на четири натпревари примија дури 50 голови и имаат гол-разлика -48.