Конечно падна рекордот кој стоеше најдолго, Халанд стана најдобар стрелец во историјата на Норвешка! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Халанд

Ерлинг Халанд вечерва два пати ја тресеше мрежата на Словенија и стана најдобар стрелец во историјата на Норвешка, напаѓачот го сруши рекордот кој стоеше најдолго, или точно 90 години.

Од сите 211 членки на ФИФА, рекордот на Норвешка за најдобар стрелец е најдолгиот.

Јорген Јуве со 33 гола беше најдобар стрелец во историјата на Норвешка, последниот гол го постигна во далечната 1934 година.

90 години подоцна, конечно падна рекордот, Ерлинг Халанд сега го носи приматот за прв стрелец во репрезентацијата.

Напаѓачот вечерва по само седум минути игра ја затресе мрежата на Словенија и го изедначи постигнувањето на Јорген Јуве, а во вториот дел од мечот и по втор пат се запиша во листата на стрелците за својот 34-ти погодок во националниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани