Интер подготвува огромно предавство, сака да го ангажира Даниел Малдини?!

by bojan
1 минути читање
Малдини

Медиумите од Италија пренесуваат дека добрите партии на Даниел Малдини во Монца го привлекле вниманието на Интер, па „нероаѕурите“ го вметнале фудбалерот во својот бележник.

Даниел Малдини на почетоков од годинава се пресели на позајмица од Милан во Монца во потрага на поголема минутажа и потегот се покажа како полн погодок.

Офанзивниот фудбалер од средниот ред се покажа во одлично светло, си обезбеди перманентен трансфер, а овој месец доби и повик за настап во репрезентацијата на Италија.

Неговите перформанси исто така паднале во очи и кај ривалите, последните информации говорат за изненадувачки трансфер во редовите на Интер.

Директорот на „нероаѕурите“ Пјеро Аусилио го вметнал Даниел Малдини во својот бележник и внимателно ќе ги следи неговите партии.

Еден ваков трансфер би преставувал големо предавство, презимето Малдини секогаш ќе потсетува на Милан, претходно дресот на „росонерите“ го носеа неговиот татко Паоло Малдини и неговиот дедо Чезаре Малдини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани