Газдите на Јунајтед побараа совет од Ферги, еве кој е главен фаворит за наследник на Тен Хаг според обложувалниците

by bojan
1 минути читање
Тен Хаг

Сер Алекс Фергусон попладнево го напушти Олд Трафорд по состанок со ко-сопствениците Сер Џим Ратклиф и Џоел Глејзер, се верува дека една од темите на разговор била иднината на тренерот Ерик тен Хаг.

Ерик тен Хаг го преживеа срамниот пораз на Олд Трафорд од Тотнем, но не го подобри впечатокот откако Манчестер јунајтед одигра нерешено против Порто и Астон Вила.

Попладнево на Олд Трафорд имаше состанок на ко-сопствениците Сер Џим Ратклиф и Џоел Глејзер на кој присуствуваше и легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Се верува дека една од темите на разговор била иднината на Ерик тен Хаг и се почесто се говори за негов отказ.

Низ медиумите кружат неколку опции за нов тренер, а според обложувалниците, најголеми шанси му се даваат на Руд ван Нистелрој, кој во моментов е помошник на Ерик тен Хаг.

Герет Саутгејт е втор фаворит, се верува дека поранешениот селектор на Англија е дамнешна желба на Сер Џим Ратклиф и има доста пријатели на високи позиции на Олд Трафорд.

Во топ три се наоѓа уште Томас Тухел, Германецот има искуство во Премиерлигата, а може да се пофали и со триумф во Лигата на шампиони

Обложувалницата Моцарт за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани