Шокантниот говор кој Луис Енрике му го одржал на Мбапе: Слушам дека Џордан ти е омилен, епа тој… (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Луис Енрике, Килијан Мбапе

Како дел од документарецот за Лиус Енрике, беше објавено видео во кое тренерот на ПСЖ му држи говор на Килијан Мбапе и се обидува да го мотивира со споредба со легендарниот Мајкл Џордан.

Наскоро ќе биде објавен документарец за Луис Енрике, а денеска на социјалните мрежи беше објавен нов извадок како најава за филмот.

Тренерот на ПСЖ му држи говор на Килијан Мбапе и се обидува да го мотивира со споредба со легендарниот Мајкл Џордан.

„Слушам дека ти се допаѓа Мајкл Џордан, епа Мајкл Џордан играше дефанзива како ку*вин син!“ – вели Луис Енрике.

„Мораш да бидеш пример, прво како личност а потоа како играч, треба да вршиш притисок. Зошто да го правиш ова? За да бидеш лидер. Ти се феноменален, играч од сетска класа, нема сомнеж за ова. Но ова не е доволно за мене. Вистински лидер е оној кој може да помогне и кога не постигнува гол. Ако поставиш пример за другите со тоа што ќе вршиш притисок, знаеш што ќе имаме? Ќе имаме еб*на тимска машинерија! Немам што да ти замерам во напад, но ќе станеш најдобриот играч во светот ако играш дефанзива. Тоа го прави вистинскиот лидер, тоа е Мајкл Џордан. Дали ти е јасно?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани