Според последните информации, Фудбалската федерација на Македонја би можела да однесе без еден од главните спонзори, објави ТВ21.
По последната одлука на Владата да ја одземе лиценцата на онлајн обложувалниците наводно Државната видеолотариај испратила известување до ФФМ за предвремен раскин на договорот.
„Поради настапување на непредвидени услови кои давателот не можел да ги очекува ги очекува и предвиди пред неговото склучување, а кои произлегуваат од Автентичното толкување на членот 7 од Законот за игри на среќа и за забавните игри од страна на Собраниетона Република Северна Македонија, Службен весник на РСМ бр.168 од 14.08.2024 година, поради што настпуваат промени и во финансискиот план на Друштвото“, се додава во известувањето во кое увид имала ТВ21.