Панчев: Во Интер ме саботираа луѓе од клубот, Вардар и Звезда ми сѐ се во животот

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев привлекува посебно внимание пред натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Интер, а сега зборуваше и за „Газета дело Спорт“.

Панчев имаше неуспешна епизода во Интер, па така нема дилеми за кого ќе навива во вечерашниот натпревар.

„Јасно е за кого ќе навивам. Црвена Звезда, како и Вардар каде што пораснав за мене значат се. Не само во фудбалот, туку и во животот. Звезда ме научи како да постојам во овој свет“, започна Панчев.

Иако во Интер немаше успех, Панчев не е лут.

„Не сум огорчен или лут. Интер е голем клуб кој заслужува почит. Бил институција, сега е и секогаш ќе биде без разлика на се. Не би сакал да именувам луѓе, но ме саботираа луѓе од клубот.

Во клубот тогаш имаше директори на високи позиции кои не си ја работеа работата како што треба. Не платив само јас, плати целиот клуб. Погледнете колку години им беа потребни да се вратат на врвот. Морати мораше да чека 15 години пред да ја промени комплетната организација и таа лоша атмосфера“, истакна Панчев.

Натпреварот помеѓу Интер и Звезда се игра вчерва во Милан од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани