Во викендот кој е зад нас Душан Влаховиќ постигна два гола во победата на Јувентус од 3:0 на гости кај Џенова, а по еден од погодоците српскиот напаѓач испрати порака до оние кои го критикуваат.
Влаховиќ во претходниот период добиваше критики за своите лоши настапи, па сега сакаше да им одговори на критичарите порачувајќи им „само вие зборувајте“.
Но според поранешниот италијански фудбалер, Паоло Ди Канио Влаховиќ на овој начин докажал дека не е голем фудбалер.
„Тоа го прават малите фудбалери. Тој е одличен фудбалер, но со таквиот потег докажува дека не е голем играч. Неговото однесување не доликува на големите играчи.
Постигна гол од пенал и тоа е во ред, никогаш не е лесно да постигнете погодок, а потоа додаде уште еден гол. Но, тоа го направи проитив Џенова, тим кој има многу проблеми. Исто така и натпреварот се играше без публика“.
„Не беше тоа гол против конкурентите за титулата, би било погрешно и тогаш, но голот би имал поинакво значење. Постигни два гола против директните ривали, па потоа можеш да бидеш арогантен. Вака два гола против Џенова зад затворени врати е како два гола во пријателски натпревар“, изјави Ди Канио.