Реал Мадрид утрово соопшти дека Тибо Куртоа има повреда на препоната на левата нога, се очекува голманот да паузира околу три недели.
Карло Анчелоти нема да може да смета на Тибо Куртоа на следните два натпревари на Реал Мадрид.
Стратегот уште вчера по натпреварот против Атлетико Мадрид најави дека Тибо Куртоа има мака, а утрово Реал Мадрид ги откри деталите.
„По извршените тестови, утврдено е дека Тибо Куртоа има повреда на препоната на левата нога“ – се вели во соопштението.
Во второто полувреме, Тибо Куртоа во неколку наврати се фаќаше за проблематичниот мускул, бараше од соиграчите да дегажираат (Валверде најчесто беше задолжен за ова), или пак со рака ја фрлаше топката преку половина терен.
Прогнозите велат дека тој ќе паузара околу три недели, и ќе се врати по паузата за настап со репрезентации.