Палмер испиша историја и донесе победа за Челси, Арсенал во финишот до победа (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Кол Палмер од редовите на Челси продолжи со одличната форма и денеска со неверојатно полувреме обезбеди победа за својот тим.

Во натпреварот против Брајтон, Палмер за едно полувреме постигна четири гола и така стана првиот играч во историјата на Премиер лигата на кого му успеало такво нешто.

Голеадата започна во седмата минута кога Рутер донесе предност за Брајтон, но Челси благодарение на одличнот Кол Палмер во 21. минута го израмни резултатот. Три минути подоцна Џејдон Санчо ја затресе мрежата, меѓутоа тој погодок беше поништен поради недозволена позиција.

Сепак, до пресврт Челси стигна во 27. минута кога Палмер го постигна својот втор гол. Веќе во 31. минута „сините“ имаа и 3-1 и одново стрелец беше Палмер и тоа беше прекрасен гол од слободен удар. Брајтон во 34. минута намали на 3-2.

Не застана Палмер тука, па постигна и четвртиот гол со што стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал четири гола за едно полувреме.

Во вториот дел не видовме погодоци, па Челси ги освои бодовите.

Победа со истиот резултат забележа и Арсенал. „Топџиите“ по првиот дел имаа водство од 2:0 со головите на Мартинели и Тросар, а Лестер дојде до израмнување со погодоците на Џастин во 47. и 63. минута.

Тросар и Хаверц во последните моменти од средбата ги обезбедија трите бода за Арсенал.

Во останатите натпревари Евертон беше подобар од Кристал Палас со 2:1, Фулам со 0:1 го доби Нотингем, додека Брентфорд и Вест Хем ремизираа 1:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани