„24фудбал“
дознава дека раководството на Гезтепе и фановите на тимот од Измир не
сакаат да слушнат за се поголемиот интерес кој пристигнува на нивна адреса за македонскиот напаѓач кој во изминатата сезона на 33 натпревари постигна 21 погодок.
Изминатиот период
турските медиуми на големо пишуваа за интересот на гигантот од Босфорот,
Галатасарај, кој прашуваше за Македонецот, но се чини дека од Гезтепе
добиле негативен одговор.
Своевремено
интерес за Јаховиќ пријавува и суперлигашот Асикар Беледијеспор, каде тренер е
Окан Бурук. Бурук и Јаховиќ имаа одлична соработка во Гезтепе, токму Бурук беше
човекот кој лани инсистираше за трансфер на Јаховиќ во Измир од редовите на
Крилја Советов.
Актуелниот
договор на Јаховиќ со Гезтепе истекува идното лето, нашите информации велат
дека новиот турски прволигаш му подготвува нов, богат договор кој е се поизвесно дека ќе остане во Измир, барем уште некоја сезона.
Како за
потсетување, македонскиот напаѓач беше вистински херој во големиот успех на Гезтепе во бараж фазата за влез во Суперлигата на Турција.