Гвардиола откри како планира да го надополни отсуството на Родри

by bojan
1 минути читање
Родри

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека има неколку играчи кои можат да покријат во средниот ред во отсуство на повредениот Родри и ја отвори вратата за ангажман на засилување во јануари.

Денеска пристигна и официјална потврда на она што од претходно беше јасно, Родри ги оштетил вкрстените лигаменти на коленото и за него сезоната е завршена.

Пеп Гвардиола вели дека во тимот нема друг играч како Шпанецот, но со колективен напор ќе се обидат да го надополнат неговото отсуство.

„Матео Ковачиќ може да покрие, Гундоган исто така може да игра на таа позиција, исто како и Џон Стоунс“ – вели Пеп Гвардиола.

„Ќе видиме, може ќе донесеме и засилување во јануари, зборував со спортскиот директор Чики Бегиристан. Но нема потреба да избрзуваме, не сме под притисок да одлучиме утре, и онака има многу време додека да почне зимскиот преоден рок“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани