111
Стратегот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола на прес-конференцијата пред натпреварот за викендот потврди дека актуелната сезона за Родри е завршена.
Родри е еден од најважните фудбалери во системот на Пеп Гвардиола, па така нема дилеми дека ова е тежок удар за „граѓаните“. Медиумите шпекулираат и дека не е исклучена можноста Манчестер Сити да реагира и во јануари да доведе фудбалер на неговата позиција.
„Утрово му беше напраена операција на менискусот и за него оваа сезона дефинтивно е завршена. Ќе го имаме на располагање во следната“, кратко одговори Пеп.
Во викендот кој следи избраниците на Гвардиола ги очекува гостување кај Њукасл кој во изминатото коло го претпре првиот пораз во сезоната во дуелот против Њукасл.