Сити потврди дека Родри ги оштетил лигаментите, но не се знае колку ќe паузира

by bojan
1 минути читање
Родри

Манчестер Сити попладнево соопшти дека Родри ги оштетил лигаментите на десното колено, но и понатаму се прават проценки колку е сериозна повредата и во моментов не се знае колку долго тој ќе паузира.

Родри го заврши дербито против Арсенал по петнаесетина минути, а првичните прогнози донесоа лоши вести. Се пишуваше дека Шпанецот ги оштетил вркстените лигаменти на коленото и за него сезоната практично е завршена.

Манчестер Сити попладнево соопшти дека Родри ги оштетил лигаментите на десното колено.

Сепак, и понатаму се прават проценки колку е сериозна повредата, Родри прави дополнителни консултации во Шпанија, па затоа се уште не се знае колку долго тој ќе паузира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани