210
Неколку извори пренесуваат дека фудбалерот на Манчестер Сити, Родри ги оштетил вкрстените лигаменти на коленото, па сезоната практично е завршена за фудбалерот од средниот ред.
Родри синоќа заработи повреда на стартот од дербито помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, а последните информации велат дека прогнозите се лоши.
Тестовите кои биле направени утрово сугерираат на скинати вкрстени лигаменти на десното колено.
Шпанецот сега ќе направи нови консултации во Мадрид, но се чини дека тие само ќе ја потврдат првичната дијагноза.
Ова ќе значи долга пауза од шест до девет месеци, и практично ќе му заврши сезоната.
Фудбалерот од средниот ред беше еден од главните кандидати за престижната индивидуална награда „Златна топка“.