Куртоа покажа класа и му пиша на Тер Штеген: Многу ме боли кога гледам како го напушти теренот (ФОТО)

by bojan
1 минути читање
Тер Штеген

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа покажа класа и на момент го заборави ривалството помеѓу Реал Мадрид и Барселона, па му пиша на Марк андре тер Штеген и му посака брзо опоравување.

Марк андре тер Штеген предвреме го заврши синоќешниот натпревар против Виљареал, голманот на Барселона на носилки го напушти теренот.

Се стравува дека Германецот заработи тешка повреда на коленото, најцрните прогнози велат дека сезоната за него веќе е завршена и може да паузира и до 8 месеци.

Тибо Куртоа добро знае низ што поминува Тер Штеген, голманот на Реал Мадрид во 2023 заработи тешка повреда и се врати на терените дури на крајот од сезоната, па на момент го заборави ривалството помеѓу двата клуба и испрати порака со поддршка.

„Жал ми е за повредата Тер Штеген, многу ме боли кога гледам како го напушти теренот. Се надевам дека ќе се опоравиш брзо и повторно ќе те гледаме на теренот“ – напиша Тибо Куртоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани