122
Почна постапката за 115 прекршоци на Манчестер Сити, па сите се во исчекување на епилогот кој може да биде и исфрлување од Премиерлигата.
Многумина сметаат дека Сити треба да добие најжестока казна доколку се утврди дека го прекршувале финансискиот фер-плеј и така се здобиле со предност пред другите.
Пеп Гвардиола уште еднаш одговараше на прашања поврзани со оваа тема.
„Се извинувам што понекогаш сум арогантен, но сакам да го бранам мојот тим, особено во овој модерен период“, вели Гвардиола.
„Изгледа како сите да очекуваат од нас не само да испаднеме, туку да исчезнеме од планетата, од светот“.