Според
информациите кои се објавени на сајтот на УЕФА, стои дека двата македонски
претставника кои изборија место во второто коло од Лига Европа, Работнички и
Шкендија ќе играат во ист термин на првиот натпревар.
И во двата
натпревари, нашите претставници се најпрво домаќини, Шкендија ќе го пречека
Хелсинки (Финска) на стадионот „Младост“ во Струмица идниот четврток, додека пак истиот ден Работнички
на „Тренинг Центарот Петар Милошевски“ во Скопје ќе ги одмери силите со Динамо
Минск (Белорусија).
И двата
натпревари, официјално ќе стартуваат во терминот од 18,00 часот.
извор: uefa.com
Како за
потсетување по вчерашните одиграни реванш натпревари во првото коло, Работнички
со вкупен резултат од 7-0 го елиминираше Тре Пене од Сан Марино, додека
Шкендија беше подобра од Дачија (Молдавија) со идентичен резултат како и
Работнички.
Единствено
Пелистер немаше сили за изненадување против Лех Познан (Полска), па забележаа
негатива од 0-7 по двата одиграни натпревари.
Фото-вест: kfshkendija.com
Извор:
uefa.com