Артета и Гвардиола во проблеми пред големото дерби за викендот

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Манчестер Сити одиграа одличен натпревар без голови против Интер на отворањето на сезоната во Лигата на шампионите.

Интезивниот меч со себе однесе и една „жртва“, се повреди Кевин Де Брајне кој мораше да остане на клупата на паузата помеѓу двете полувремиња.

Де Брајне се здоби со удар во завршницата од првото полувреме и засега не е познато од каков карактер е неговата повреда, Гвардиола по завршувањето на вчерашниот натпревар истакна дека се уште не разговарал со докторите за подетално да се знае неговата состојба.

Повредата на Де Брујне доаѓа пред дербито со Арсенал кое се игра в недела. Но, ниту Артета на спротивната страна не е без проблеми бидејќи Мартин Одегард е надвор од терените поради повреда на коленото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани