Стефано Пиоли вчера беше промовиран како нов тренер на Кристијано Роналдо и Ал Наср, ова се добри вести и за Милан, клубот од Сан Сиро ќе заштеди неколку милиони.
Стефано Пиоли се реши за авантура во Саудиска Арабија и прифати да биде тренер на Кристијано Роналдо и Ал Наср.
Стратегот доби договор до 2026 вреден 12 милиони евра по сезона, плус опција соработката да биде продолжена за уште една додатна година.
Овие вести се добри и за Милан, клубот од Сан Сиро ќе заштеди неколку милиони евра.
И покрај тоа што Стефано Пиоли беше разрешен од кормилото на крајот од минатата сезона, стратегот остана на платен список.
Тој имаше плата од околу 4 милиони евра по сезона, или 7,4 милиони евра бруто.
Стефано Пиоли веќе добиваше плата од Милан два ипол месеци, па по преселбата во Саудиска Арабија, „росонерите“ ќе заштедат околу 5,8 милиони евра.